Поранешната американска скијачка која беше членка и на репрезентацијата на САД, Катерина Ригби го загубила животот во несреќа на косовската страна на Шар Планина.
Според информациите на американските медиуми таа била во посета на ски-центарот Брезовица, а загинала на местото „Орлово генздо“ од лавина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
54-годишната Американка загинала додека била во друштво на нејзиниот вереник Волф Мареј. Мареј се обидел да ја реанимира откако стигнал до неа по 20 секунди, но неговите обиди биле безуспешни.
Лавината ја исфрлила поранешната скијачка во дрво, а медицинските екипи забележале и повреда на градниот кош. Внатрешното крварење било кобно и се претпоставува дека се задушила. Кога спасувачката екипа стигнала до неа веќе било предоцна.
Во светот на скијањето таа беше позната и како член на тимот на „North Face“.
Исто така ќе остане запаметена и како една од најзаслужните за пионерското скијање со телемарк, техника која комбинира алпско и нордиско скијање.