Дома Фудбал Италија Објавени детали од нивот договор на Ибрахимовиќ

Објавени детали од нивот договор на Ибрахимовиќ

Вториот мандат на Ибрахимовиќ во дресот на Милан вчера беше продолжен за уште една година, па дресот на „росонерите“ Ибра ќе го носи и следната сезона.

По потпишувањето на договорот италијанските медиуми објавија детали од истиот. Ибрахимовиќ играјќи и наредната сезона во Милан ќе го прослави 40. роденден. Објавено дека Швеѓанецот си обезбедил заработка од најмалку 7.5 милиони евра што во време на пандемијата со коронавирусот воопшто не е мала сума.

Тој износ би можел да се зголеми во зависност од исполнувањето на бонусите кои се во договорот.

Ибрахимовиќ во дресот на Млан одигра 130 натпревари и постигна 84 гола. Во досегашниот дел од сезоната настапи на 25 натпревари и стигна до 17 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…