После состанокот помеѓу Ањели и Алегри денес објави дека човекот кој освои пет Скудета и играше две финалиња во Лигата на шампионите си заминува од Јувентус.
Алегри ќе ја доврши сезоната одигрувајќи ги последните два натпревари од Серија А, а по завршувањето на сезоната во Јувентус ќе пристигне нов стратег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со клупата на Јувентус се поврзуваа повеќе кандидати, а веднаш по отказот како најголем фавроит според обложувалниците се истакна Антонио Конте кој доби коефициент од 2.50.
Конте го водеше Јувентус од 2011 до 2014 година и според многумина токму тој ги постави темелите на тимот кој веќе осум години доминира во Италија. Откако си замине од Јувентус Конте седна на селекторката позиција на Италија, а од 2016 до 2018 година беше тренерн а Челзи со кој го освои првенството во 2017 година.
Вториот кандидат после Конте е Маурицио Покетино за кого коефициентот изнесува 3.75. Аргентинецот со Тотенхем направи голем успех во Лигата на шампионите каде што ќе игра финале против Ливерпул на 1-ви јуни.
Покетино веќе најави дека да се освои титулата во најелитното европско натпреварување би бил фантастичен начин за простување од Тотенхем.
Претходното се споменуваа и имињата на Маурицио Сари, Дидие Дешам, Пеп Гвардиола...Но засега споменатите двајца се први фаворит.