Во последниот ден од преодниот рок, Пјер Емерик Обамејанг ја напушти Барселона и се врати во Премиер лигата каде што сега ќе го носи дресот на Челзи.
Меѓутоа Обамејанг ќе почека на дебито додека не му се најде специјална маска. Имено, Габонецот заработи сериозна повреда на вилицата при грабежот во неговиот дом минатата недела и сега не смее да игра без заштита.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Обамејанг во моментов не тренира, мораме да му најдеме маска за заштита на вилицата, со работа ќе почне наредната недела. Се надевам дека ќе игра со формата која јас го познавам. Тој може да ни донесе брзина, голови и работа со топка, сигурно дека е големо засилување за нас“, изјави Тухел.
Ќе потсетиме, Тухел и Обамејанг во минатото соработуваат во Германија додека двајцата беа дела од Борусија Дортмунд.