Дома Фудбал Англија Нуно Санто откри каква е состојбата на Руи Патрисио

Нуно Санто откри каква е состојбата на Руи Патрисио

Синоќа во рамките на 28. коло од англиската Премиер лига Ливерпул го победи Волвс со 1:0, а во финишот на натпреварот страотна повреда заработи голманот на домашниот тим Руи Патрисио.

Патрисио се повреди во финишот на натпревар во директен судир со соиграчот Конор Коуди при обид да го одбрани ударот на Салах.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Лекарскиот тим 15-на минути му пружаше лекарска помош, по што на носилки беше изнесен од теренот.

Тренерот на Вовлс, Нуно Санто после натпреварот откри дека голманот се чувствува добро.

„Само што добивме информација и тој е добро. Свесен е и се сеќава што се случи. Сите вакви ситуации со ударите во глава не загрижуваат, но сакам да испратам порака дека Патрисио е добар.“ – рече Нуно Санто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На клупата на Реал тагува момче од 50 милиони, изразот на лицето кажува сѐ!

Ендрик пристигна во Реал Мадрид како тинејџер. Се зборуваше за него дека е новиот Роналдо …