Дома Останати Авто Мото „Нормално дека немам ништо против Хамилтон да дојде во Ферари“

„Нормално дека немам ништо против Хамилтон да дојде во Ферари“

Овие денови е актуелна темата дека Хамилтон на крајот од наредната сезона би можел да го напушти Мерцедес и да премине во Ферари.

Хамилтон има договор со германскиот тим уште една година, а се шпекулира дека Ферари сака да го доведе во своите редови. Младиот возач на италијанскиот тим, Чарлс Леклер, вели дека нема ништо против тоа.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Па нормално ќе му посакам добредојде ако дојде во тимот. Во Формула 1 сме и сакаме да се бориме против најдобрите. Имав прилика оваа сезона да возам со Фетел во екипата и научив многу од него. Од такви шампиони може многу да се научи.“ – изјави Леклер.

Хамилтон неодамна не сакаше да зборува за тоа дали бил во контакт со претставниците на Ферари, ниту потврдувал ниту негирал дека веќе имал средба со нив.

Секако, во Мерцедес ќе дадат се од себе за да го задржат Хамилтон кој доминира во Ф1 со својот автомобил. Тие треба да преговараат за нов договор во првиот дел од следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Ферстапен доби јасна порака од Мерцедес, сега е тој на потег!

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волфс зборуваше за потенцијалната замена за Луис Хамилтон к…