Екипата на Ферари вчера го направи првото пробно возење со новиот болид СФ-90.
Веројатно најпопуларниот тим во Формула 1 вчера во Барселона за прв пат го извади болидот на стазата, а возачите Фетел и Леклерк имаа шанса да ги испробаат.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фетел беше тој кој подолго време остана на стазата, а пред самиот крај на ова неофицијално тестирање, болидот го проба и Леклерк, па така Ферари ги искористија дозволените 100 километри.
Новото Ферари веќе од денеска е на стазата. Во Барселона започнува првото предсезонско тестирање кое ќе трае од 18. до 21 февруари.
Сите овие денови Фетел и Леклерк ќе се менуваат на стазата, а до почетокот на новата сезона ќе има доволно време да го испробаат болидот.
Ферари силно сака конечно да дојде до титулата. Покрај Мерцедес тие се главните фаворити за титулата кај возачите, но и кај конструкторите.
Новата сезона во Формула 1 започнува за месец дена. Првата трка се вози на 17. март во Австралија, а сезоната завршува во Абу Даби на 1. декември.
First out-ins for the #SF90 ! #essereFerrari pic.twitter.com/bNfTL8sUCY
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) February 17, 2019