Новото засилување на Милан, Тајжани Рајндерс потврди дека бил на мета на Барселона и дека Чави го сакал во својот тим.
24-годишниот плејмејкер имаше одлична сезона во дресот на АЗ Алкмар и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Милана ја победи конкуренцијата и за 20 милиони евра го доведе на „Сан Сиро“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Чави ми се јави и зборувавме за потенцијален трансфер во Барселона. Сепак, за мене такво сценарио беше невозможно во тој момент, му реков дека нема шанси. Веќе дадов збор на Милан и не ми паѓаше на памет да го погазам. Донесов одлука, разговарав со Пиоли и цело мое семејство ме поддржа да го изберам Милан пред сите други“, изјави Рахндерс.