Германскиот стручњак Јирген Клоп донесе веќе неколку засилувања ова лето и се чини дека е време да каже “доста“.
Редовите на Црвените до сега ги засилија Наби Кеита кој стигна за 60 милиони евра од Лајпциг, Фабињо за 45 милиони од Монако и Шакири од Стоук за 14,7 милиони, а денеска се очекува потпис да стави и бразилскиот голман Алисон кој би требало да биде платен околу 75 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека трансферот на Алисон ќе биде последен ова лето за Ливерпул. Клубот заработи огромни средства од успехот минатата сезона во ЛШ, од продажбата на Кутињо, но потроши и многу во досегашниот дел од преодниот рок и веројатно е време да се каже “доста.“
Од друга страна, некои медиуми пренесуваат дека не е во интерес на Клоп да носи нови играчи бидејќи сега е задоволен од тимот кој го има и евентуален трансфер на Фекир од Лион би можел да ја поремети тактиката, па затоа Германецот ќе се откаже од играчот на Лион.
Да потсетиме, Енфилд ова лето го напуштија неколку фудбалери, а од најважните тоа го направи Емре Џан кој како слободен играч премина во Јувентус.