Дома Фудбал Останато Ново име за наследник на Лопетеги, но за него Перез би морал скапо да плати

Ново име за наследник на Лопетеги, но за него Перез би морал скапо да плати

Според шпанските медиуми Јулиен Лопетеги ги брои последните денови на клупата на Реал Мадрид.

Јулиен Лопетеги започна катастрофално во Реал Мадрид, „кралевите“ го имаат најлошиот старт во својата историја и многу лесно би можело да се случи после неделното „Ел Класико“ да му биде покажана излезната врата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Додека Шпанците тврдат дека Лопетеги сигурно заминува, на Островот откриваат и ново име кое е желба на Перез – Маурисио Покетино.

Наводно, Перез е спремен да понуди 40 милиони фунти за одличниот Аргетнинец, а останува да се види како на ваквата понудата би реагирал првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви.

Покетино во текот на летото потпиша нов договор со Спарсите и се обврза на петгодишна верност, но нешто послабите резултати оваа сезона малку ја загрозија неговата позиција.

Ќе потсетиме, Покетино се поврзуваше со Реал и кога Зидан го напушти клубот.

pochetino

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лоша вест за Реал: Мабпе се повреди и го пропушта почетокот на 2026 година!

Килијан Мбапе е повреден, беше потврдено денес. Според повеќе извори, Мбапе претрпе повред…