Во септември си заминаа Едоардо Арталди и Елена Капеларо, пред неколку недели Горан Иванишевиќ, а пред неколку дена Марко Паники.
Сега Новак Ѓоковиќ продолжува со реновирање на стручниот штаб. Појавувањето на Гебхард Фил-Грич, австриски фитнес експерт, на терените во Кошутњак е најдобар доказ дека Новак подготвува план за најтешкиот период во кариерата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот тенисер во историјата во јули го чека налетот кон единствениот неосвоен трофеј – олимпискиот златен медал, а за да стигне до таму ќе треба да надмине многу. Пред да влезе во Олимпиското село, Ѓоковиќ го чекаат Ролан Гарос и Вимблдон, а потоа и УС Опен.
Очигледно незадоволен од стартот на сезоната – мај почнува утре, а се уште нема титула – Новак се одлучи дна промени. Прв замина Иванишевиќ, а вториот Паники. Официјалното соопштение во кое Ѓоковиќ ќе се прости од италијанскиот стручњак е само прашање на време. Се разбира, ниту заминувањето на Иванишевиќ, ниту на Паники не фрла сенка на нивната работа. И двајцата максимално помагаа за успехот на српскиот тенисер, но очигледно имаше заситеност и промените беа неизбежни, пишува Спорт Клуб.