Фудбалските сојузи на Франција и Швајцарија наредниот викенд ќе направат една интересна размена.
Како што е објавено на официјалниот сајт на Француската Фудбалска Федерација (ФФФ), наредниот викенд не чека една интересна размина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено ФФФ И Швајцарската Фудбалска Асоцијација се договориле за размена на судии. Па според тоа наредниот викенд судии од француската Лига 1 својата работа ќе ја извршуваат во швајцарската Супер лига додека судии од Швајцарија ќе ја делат правдата во Франција.
Размената ќе биде натправена за две средби, Французинот Жером Бишар заедно со помошниците Бежан Паже и Сирил Муње ќе ја делат правдата на натпреварот помеѓу Базел и Сент Гален во 22 коло од швајцарското првенство.
Во спротивен правец ќе тргне Сандро Шерер, заедно со помошниците Беким Зогај и Стедан Де Алмеида кои ќе ја судат на натпреварот помеѓу Каен и Рен во 26 коло од француската лига.
Un échange international inédit en arbitrage entre la @FFF et son homologue suisse aura lieu samedi prochain en @Ligue1Conforama et en Super League suisse https://t.co/akn650XPYz
— FFF (@FFF) February 12, 2018