Враќањето на Кристиано Роналдо во Манчестер Јунајтед донесе голема еуфорија помеѓу фановите на овој клуб.
Легендарниот Португалец повторно ќе го облече дресот на „црвените ѓаволи“ од „Олд Трафорд“ и во клубот се враќа после 12 години во кои настапуваше за Реал Мадрид и Јувентус.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед се потруди Роналдо да добие посебна дозвола за промена на броевите затоа што веќе Кавани беше регистриран со „седмицата“, па така Португалецот ќе игра со омилениот број на дресот.
Од тој момент е формираа долги редици пред фан-шоповите навивачите чекаа да купат дрес од својот миленик. Меѓутоа мал процент од продажбата на дресовите оди за Манчестер Јунајтед.
Јунајтед добива 7% од сумата од продажбата на дресовите, еден дрес чини 60 фунти, а тоа значи дека клубот добива 4.20 фунти од дрес.