Дома Фудбал Англија Нови рекорди за Сити и фудбалерите, Тотенхем лесно против Свонси (ВИДЕО)

Нови рекорди за Сити и фудбалерите, Тотенхем лесно против Свонси (ВИДЕО)

Во Англија и вечерва се одиграа дел од натпреварите во Премиер лигата.

Имено, Кристал Палас на гости кај Саутемптон славеше со резултат 1:2. Резултатот го отворија домашните со погодокот на Лонг во 17. минута и со тој резултат се замина на паузата. Во второто полувреме, МекАртур го израмни резултатот во 69. минута, а конечниот резултат го постави Миливојевиќ во 80. минута.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Свонси не успеа да му парира на Тотенхем кој славеше со 2:0, а стрелци на погодоците беа Лјоренте во 12. и Али во 89. минута од мечот.

Вест Хем на домашен терен ја пречека екипата на ВБА и славеше со 2:1. МекКлин им донесе водство на гостите во 30.минута, но второто полувреме беше среќно за пресврт, па Керол најпрво израмни во 59. минута, а потоа и го постави конечниот резултат во судиското продолжение, односно 94. минута.

Во рамки на последниот меч, лидерот на табелата, Манчестер Сити славеше на „Итхад“ против Вотфорд. Стерлинг по само 38. секунди го отвори мечот, а Кабасел во 13. минута со автогол им донесе двојна предност на „Граѓаните“. Во второто полувреме, Агуеро го постигна третиот погодок за Сити во 63. минута, а почесниот погодок за гостите го постигна Греј во 82. минута од мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…