Дома Трансфер зона Нови проблеми во Рома: Откажани лекарските прегледи на Ел Шарави

Нови проблеми во Рома: Откажани лекарските прегледи на Ел Шарави

Стефан Ел Шарави после скоро две години најверојатно ќе се врати во Рома.

Италијанскиот офанзивец го напушти римскиот клуб леотото 2019 година кога одлучи да потпише за кинескиот Шангај Шенуоха. Сепак, сега е слободен играч откако го раскина договорот со овој клуб.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Медиумите на Апенините вчероа објавија дека се е договорено за негово враќање во Рома.

28 годишниот Ел Шарави и допатува во Рим каде што денес требаше да ги помине лекарските прегледи, но тие се откажани.

Имено, во Рома има неколку позитивни случаи со коронавирус и поради тоа се одложени прегледите на Ел Шарави. Прво ќе се тестираат сите сегашни играчи на „волчицата.

Како и да е од клубот изјавиле за медиумите дека се ќе биде завршено во наредните денови кога Ел Шарави и официјално ќе стане играч на Рома.

Инаку денес медиумите во Италија пишуваат и за хаосот помеѓуте Џеко и тренерот Фонсека – повеќе за ова тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…