Дома Фудбал Италија Нови лоши вести за Милан: Мањан ја обновил повредата

Нови лоши вести за Милан: Мањан ја обновил повредата

Нови лоши вести пристигнуваат за Милан, првиот голман французинот Мајк Мањан ја обновил повредата на мускулот на ногата.

Мањан се повреди во септември за време на репрезентативните обврски за Франција во Лигата на Нации. Од тој момент голот на „росонерите“ го чуве резервниот голман Ципријан Татарушану.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На неколку натпревари отсуството на Мањан сериозно се почувствува затоа што станува збор за најдобриот голман во Серија А и сигурно еден од најдобрите во светот.

Во следните десет дена ќе се прават нови прегледи на повредата и тогаш би требало да се знае поточно колку Мањан ќе биде надвор од терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Сака ноќни забави, постојано доцни, непрекинато е на телефон“: Рафиња прозборе за навиките на Јамал

Фудбалерот на Барселона, Рафињa, гостуваше во емисијата „A guest and a half“ на Јутјуб кан…