Дома Фудбал Нови лоши вести за Барса: Ракитиќ има фрактура!

Нови лоши вести за Барса: Ракитиќ има фрактура!

Лошите вести за Барселона не престануваат после шокантната елиминација од Рома во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

Играчот за врска Иван Ракитиќ се здобил со фрактура на прстот на левата рака синоќа на „Олимпико“, информираат каталонските медиуми.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Хрватскиот репрезентативец уште денес ќе биде опериран во Барселона.

Не се знае колку време ќе отсуствува од терените, но целта на Каталонците е да биде спремен за финалето на Купот против Севиља, натпревар кој е закажан за 21-ви април.

Готово сигурно Ракитиќ нема да биде во тимот за првенствените натпревари против Валенсија и Селта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Камерите на Супер Боул го уловија Луис Хамилтон: Британецот уживаше во друштво на новата девојка (Видео)

Еден кадар од трибините беше доволен да ги разбуди социјалните мрежи. Повеќе не се криеја,…