Дома Луд Спорт Нови детали за убиството во Атина, на хрватските навивачи им се заканува доживотен затвор

Нови детали за убиството во Атина, на хрватските навивачи им се заканува доживотен затвор

Повеќе од 90 навивачи на Динамо Загреб се уапсени во Атина по нередите што ги предизвикаа ноќта меѓу понеделникот и вторникот.

Грчките медиуми пренесуваат дека истражителите се сигурни дека меѓу 98-те уапсени е и убиецот на 29-годишниот Михалис Кацурис.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Во нападот на навивачите на Динамо во кој беше избоден навивач на АЕК, пишуваат дека убиецот оставил трага од ДНК на настраданиот млад човек. 

Судот во Солун неодамна им судеше на 12 навивачи на ПАОК за убиството на Алкис Кампанос, поддржувач на Арис. Седуммина се осудени на доживотен затвор за убиство од небрежност, додека пет се осудени на по 20 години затвор.

Ова е лоша вест за хрватските хулигани кои веќе во четврток би можеле да се појават на суд. Судејќи според практиката на грчките судови, тие би можеле да добијат мерка притвор од еден месец, додека не се утврди кои точно се убијците на Михалис Кацурис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Скандал: Директорот на Баерн ограбен во Барселона

Баерн Минхен денеска гостува на Барселона, а пред натпреварот беше ограбен директорот на г…