Дома Останати Тенис Новак Ѓоковиќ прогласен за најдобар спортист на светот во 2023 година

Новак Ѓоковиќ прогласен за најдобар спортист на светот во 2023 година

Новак Ѓоковиќ и шпанската фудбалерка Аитана Бонмати се добитници на наградите Лауреус, таканаречените спортски Оскари за најдобар спортист и најдобра спортистка во светот во 2023 година.

Минатата година Бонмати беше избрана за најдобра играчка во изборот на ФИФА, беше добитничка на Златната топка, а беше прогласена и за најкорисен играч (МВП) на Светското првенство каде Шпанија ја освои шампионската титула.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Ѓоковиќ ја освои наградата Лауреус по петти пат во кариерата, откако минатата година освои три од четири Грен слем турнири (Австралија Опен, Ролан Гарос, УС Опен) и играше во финалето на Вимблдон. Наградата за тим на годината ја доби шпанската женска фудбалска репрезентација.

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, беше прогласен за спортист кој направи најголем скок, додека американската гимнастичарка Симоне Билес ја доби наградата за камбек на годината. Спортистите за наградата Лауреус се номинирани од претставници на светските медиуми, а победниците ги избираат 69 членови на Светската спортска академија Лауреус. Наградата е основана во 2000 година.

ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА ЛАУРЕУС ЗА 2023 ГОДИНА:
Спортистка на годината: Ајтана Бонмати

Спортист на годината: Новак Ѓоковиќ

Тим на годината: Шпанска женска фудбалска репрезентација

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер денеска игра за трофејот што го нема и првото место на АТП листата на седум денa

Во финалето на АТП мастерс од серијата 1.000 денес од 15 часот играат вториот тенисер во с…