Тој е суперзамената за Алвез. Против Валенсија му беше доволна една минута, а синоќа, на дуелот со Севилја, десет. За љубов на вистината, Александар Катаи би требало да му пушти рака на Серхио Рико, бидејќи голманот на гостите од Андалузија беше најголемиот виновник што дозволи српскиот репрезентативец да погоди за конечни 1:1 против Севилја и веројатно да ја исфрли од шампионската трка во Примера.
Пред Рико, згреши и Лагварди, кој му ја даде топката на Оскар Ромеро, за овој да ја нафрли на петте метри. Таа одеше право во рацете на Рико, но Катаи, синоќа прв пат со нова, помодерна фризура, внимателно демнеше и ја дочека својата шанса. Не може секој гол да биде мајсторија, важно топката заврши зад голманот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Само девет минути подоцна Катаи за малку ќе беше и апсолутен јунак на натпреварот, бидејќи прво изнуди прекршок на работ од казнениот простор, за потоа од слободен удар опасно да ја упати топката кон голот на Рико, но овој тогаш реагираше многу подобро и со врвовите од прстите ја изваде топката од правецот кон мрежата.
Висам Бен Једер додавањето од Пабло го претвори во водство од 1:0 и тоа беше сè од Севилја на синоќешниот натпревар.
Реал е сега со три бода и натпревар помалку пред Севилја, а Барса уште еден чекор понапред. Во трка со такви гиганти, таа предност тешко се достигнува.