Дома Фудбал Останато Нова провокација од Стефанов: Судијата ни ја одземе победата, Македонија е југозападна Бугарија

Нова провокација од Стефанов: Судијата ни ја одземе победата, Македонија е југозападна Бугарија

Ден по натпреварот во Лигата на нации, помеѓу Бугарија и Македонија, претседателот на бугарскиот прволигаш Славија од Софија, Венцислав Стефанов, продолжи со провокациите.

Стефанов и пред дуелот во Рагзад провоцираше, па доби заслужен одговор од капитенот Стефан Ристовски.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Македонија на моменти беше офанзивна и поорганизирана, но ако беа досудени двата прекршока при голот на противникот, ние ќе победевме. Судијата им помогна на Македонците, пеналот на крајот беше чист како солза. Моето потекло е од Битола, но јас не сум Македонец туку Бугарин. Тие што се прават големи патриоти во соседството треба да знаат дека Македонија е југозападна Бугарија. Иако сум од Битола не одам таму, зашто кога бев еднаш пред многу години ме сопираа на улица за да проверат дека не сум шпион“, гласи скандалозната изјава Стефанов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Донарума како да бараше „жртва“ – сакаше да се тепа во Зеница (Видео)

Италија трет пат по ред нема да учествува на Светското првенство. Овој пат, на Мундијалот …