Дома Топ вести Нова драма во Париз: Разбојници ја претепале сопругата на голманот на ПСЖ пред децата!

Нова драма во Париз: Разбојници ја претепале сопругата на голманот на ПСЖ пред децата!

Разбојници вчера влегле во домот на голманот на ПСЖ, Алесандре Летелиер во Париз и со нож се заканувале на неговата сопруга и децата.

Според информациите на француските медиуми инцидентот се случил околу два часот на полноќ кога семејството на фудбалерот се разбудило од алармот. Крадците како што се наведува прво влегле во градината, а потоа и во куќата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Неговата сопруга Клои била удирана со тупаници по лицете и тоа додека во рацете се обидувала да го заштити двегодишшното дете. Летелиер покрај двегодишниот син има и уште еден шестгодишен.

Полицијата брзо реагирала и успеала да уапси тројца од четворица колку што учествувале во грабежот. Двајца од напаѓачите имале по 16 години, а едниот 21. Кај нив полициските службеници ги пронашле вредните предмети кои успеале да ги украдат.

Инаку, во Париз не е реткост познатите фудбалери да бидат мета на разбојници. Во август оваа година мета беше колегата на Летелиер, Џанлуиџи Донарума на кого му се закануваа со пиштол и му беа украдени околу половина милион евра. Претходно во 2021 година киднапиран беше таткото на Маркињос, имаше влез и во домот на Ди Марија додека Аргентинецот играше во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…