Скандалите во каталонскиот гигант Барселона се редат еден по друг, а овој пат во центарот на скадалот е дефанзивецот Жерард Пике.
Имено, Пике се однесувал многу грубо и го навредил новинарот Марсал Љоренте на „Мундо Депортиво“, весник кој важи како близок до Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пике го нарекол новинарот „марионета на раководството на Барселона“, а денес самиот Љоренте на Твитер напуша „дека некои луѓе ја користат Барса за зголемување на своето лично политичко и економско влијание“. Овие зборови се сметаат како поддршка за актуелниот претседател на Барселона, Жозеп Бартомеу.
Пред неколку дена избувна скандал со кој се тврдеше дека раководството на Барса изнајмило пиар-компанија со која да се оцрнат ѕвездите на тимот, а да се поправа имиџот на Бартомеу.
Најавено е во клубот наскоро да има состанок на кој ќе биде претседателот и влијателните фудбалери од тимот за да се реши ситуацијата.