Дома Фудбал Италија Нов удар за Јувентус: Заврши сезоната за Киелини

Нов удар за Јувентус: Заврши сезоната за Киелини

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини се повреди синоќа на дуелот со Наполи и најверојатно ќе ги пропушти натпреварите до крајот на сезоната.

Киелини има мускулна повреда и сигурно ќе го пропушти дербито со Интер следниот викенд, а „Скај Италија“ пренесува дека повредата е посериозна и најверојатно нема да се врати до крајот на сезоната.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Киелини ќе се опоравува неколку недели и веројатно нема да игра повеќе за Јуве оваа сезона.

До крајот на сезоната има уште четири круга во кои Јуве ќе има тешки натпревари со Интер и Рома, а „Старата дама“ има и финале за Купот на Италија на 9-ти мај против Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Баерн спреми богата понуда за Леао

Ѕвездата на Милан Рафаел Леао побарал да биде продаден за време на летниот трансфер период…