Фудбалерите на ВБА синоќа на свој терен го победија Саутемптон со 3:0 во натпревар од 31. коло во ПЛ.
ВБА не се откажува од борбата за опстанок во друштво на најдобрите и синоќа играчите на овој тим дојдоа до многу важни три бода.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа, ниту овој натпревар не можеше да помине без скандал кога во прашање е користењето на ВАР технологијата.
Овој пат ВАР поништи чист погодок на домашните бидејќи судијата во спорната ситуација гледаше погрешен играч.
Имено, гол постигна Мбаје Диање кој беше во дозволена позиција, но ВАР цело време ја гледаше позицијата на Бартли кој без зад него во офсајд, но воопшто не учествуваше во акцијата.
После натпреварот се појави бизарно објаснување дека порад позицијата на камерата не можеле да видат каде точно стои Диање и дали е во офсајд.
Оваа неверојатна одлука и ситуација погледнете ја ОВДЕ.