Дома Фудбал Италија Нов расистички скандал во Италија: Навивачи го навредуваа Костиќ 🎥

Нов расистички скандал во Италија: Навивачи го навредуваа Костиќ 🎥

Јувентус вчера ја запиша третата победа во низа во Серија А откако славеше против Специја со 2:0, а српскиот фудбалер Филип Костиќ го заврши натпреварот со една асистенција.

Костиќ беше заменет во 81-та минута во моментите додека Јувентус водеше со 2:0 и теренот го напушташе поминувајќи пред навивачите на домашниот тим. Тогаш фудбалерот доби навреди од трибините.

Една од упатените навреди беше „циган“, збор со кој и во изминатите години во Италија се навредуваа српските фудбалери. Костиќ на ваквите провокации и навреди одговори така што само ја подигна раката и им порача да бидат погласни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Адем Љајиќ: Враќањето во Нови Пазар е мојот пат кон нови успеси

Адем Љајиќ се врати во Нови Пазар со цел да го врати клубот на врвот на српската фудбалска…