Дома Фудбал Германија Нов проблем за Алфонсо Дејвис: После короната се соочува со срцеви проблеми

Нов проблем за Алфонсо Дејвис: После короната се соочува со срцеви проблеми

Баерн пред неколку дена потврди дека Алфонсо Дејвис на почетокот на месецот бил позитивен на коронавирус.

Дејвис не тренираше со екипата некое време, но се очекуваше да се врати во тимот во наредните денови. Сепак, тоа нема да се случи затоа што се појави нов проблем. Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман потврди дека Дејвис и понатаму е надвор од екипата, но сега затоа што има срцеви проблеми.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Баерн потврди дека на Дејвис му бил дијагностициран благ миокрадитис, односно воспаление на срцевиот мускул. Поради тоа одлучено е Дејвис да не тренира некое време.

Докторите на Баерн во наредниот период ќе ја следат неговата состојба пред да дадат дозвола тој да се врати на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Не се заборава: Помина 21 година откако Ибрахимовиќ го постгна еден од најдобрите голови во историјата на фудбалот

Златан Ибрахимовиќ, легендарниот шведски фудбалер, денеска одбележува 21 година откако усп…