Тимот на Ливерпул сигурно ќе претрпи големи промени на крајот на сезоната, а приоритет ќе биде засилување во нападот.
Последно име на списокот е напаѓачот на Лидс, Патрик Банфорд, кој игра одлична сезона.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Банфорд оваа сезона постигна 17 гола во Премиер лигата и може да игра на повеќе позиции во нападот, па одлично би се вклопил во филозофијата на Клоп.
Напаѓачот има договор со Лидс до 2023 година, а се верува дека Ливерпул може да го донесе за 18 милиони фунти.
Медиумите на Островот пренесуваат дека преговорите се започнати и се оптимисти дека трансферот ќе биде комплетиран наскоро.