Нејмар веќе подолго време се поврзува со заминување од Париз, а неговиот соиграл Андер Ерера е убеден дека Бразилецот е среќен во Париз Сен Жермен и тешко дека ќе замине летово .
Медиумите постојано шпекулираат со иднината на Мбапе и Нејмар, а Ерера е убеден дека двете ѕвезди ќе останат во ПСЖ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мбапе и Нејмар се дел од ПСЖ. Тие се посветени на клубот, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме. Пред карантинот вечерав со Нејмар. Тој е многу вклучен во проектот на нашиот клуб. Ми кажа дека никогаш не бил посреќен во Париз како сега. Проектот на ПСЖ е таков што двајцата играчи се чувствуваат среќни во тимот“, изјави Шпанецот.
Како што е познато, навивачите на Барселона, како и дел од играчите на тимот, се надеваат дека Бразилецот ќе се врати на „Камп Ноу“ ова лето, но финансиските проблеми поради пандемијата го прават трансферот тежок за реализација.