Српскиот напаѓач, Лука Јовиќ скоро сигурно ќе ја напушти Фиорентина до крајот на преодниот рок.
Според пишувањето на италијанските медиуми, Јовиќ кариерата би можел да ја продолжи во екипата на Милан бидејќи стратегот на „росонерите“ многу го цени српскиот напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пиоли го сакаше Јовиќ во Милан уште кога напаѓачот беше на излезни врати од Реал Мадрид, но тогаш Милан имаше проблеми од финансиска природа.
Сега изгледа дека ќе нема никакви проблеми Јовиќ да го облече црвено-црниот дрес со плата од 2.5 милиони евра годишно. Фиорентина има право на Јовиќ до 2024 година, а 50% од сопственоста има и Реал Мадрид.
Претходно се споменуваше сензационално враќање на Јовиќ во Црвена Звезда, но од тоа веројатно нема да има ништо.