Дома Македонски спорт Ништо од АЕК и Олимпијакос, Ристовски преговара со Специја

Ништо од АЕК и Олимпијакос, Ристовски преговара со Специја

Maкедонскиот заменик капитен Стефан Ристовски е во потрага по нов ангажман во овој преоден рок, а според последните информации од Италија тој е во преговори со Специја.

Специја е во потрага по искусен и квалитетен десен бек, а Ристовски се вклопувал во нивните барања, пишува „Газета дело Спорт“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Веќе е познато дека Ристовски е „отпишан“ во Спортинг, па затоа и за нашата репрезентација е подобро да ја промени средината со оглед дека тој е еден од поважните играчи, а Македонија наредното лето ја чека Европското првенство.

Претходно Ристовски се поврзуваше со грчките Олимпијакос и АЕК, но изгледа дека тие можности пропаднаа, барем таквите се најавите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…