Ливерпул после минатата одлична сезона и засилувањата кои ги доведе во летниот преоден рок е еден од главните фаворити за освојување на Премиер лигата, а очекуваат и одлично издание во Европа.
Ударното трио на „црвените“ остана непроменето, клубот ги задржа Роберто Фирмино, Мохамед Салах и Садио Мане.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Садио Мане денес е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул и сигурно голем дел од клубовите би сакале да го имаат во своите редови, но на почетокот на неговата кариера во него не верувале ниту неговите родители.
„Од моето село пред мене никој не успеал да стане професионален фудбалер, па моите родители го сметаа учењето како единствениот начин за излез од сиромаштијата. За нив играњето фудбал беше губење време, ме убедуваа повеќе да учам. Често пати имавме долги разговори, а мојот одговор секогаш беше ист – со фудбалот ќе си помогнам сам и ќе ви помогнам и вас“, откри Мане во интерјувто со еден англиски новинар.
Mане во својата професионална кариера настапуваше за француски Мец, Салцбург, Саутемптон и денес Ливерпул.