Дома Фудбал Лига на шампиони „Никој од Ливерпул не може да го подобри тимот на Реал, па ни Салах“

„Никој од Ливерпул не може да го подобри тимот на Реал, па ни Салах“

Бившиот тренер на Реал и шпанската репрезентација, Винсете дел Боске смета дека Ливерпул нема шанси во финалето од ЛШ против Реал Мадрид.

Легендарниот тренер дури и даде своја прогноза и смета дека „кралевите“ лесно со 4:1 ќе победат во финалето во сабота.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


„Реал има фантастичен тим и моменатлно е најдобрата екипа во Европа. Тоа мораат да го потврдат во сабота. Мислам дека Реал ќе победи со 4:1“, изјави Дел Боске.

67-годишниот стартег кој освои две титули во ЛШ со Реал, смета дека моментално во Ливерпул нема фудбалер кој би можел да ја унапреди играта на „кралскиот“ клуб.

„Не можам да најдам ниту еден играч на Ливерпул кој може да го унапреди тимот на Реал, дури ни Салах. Бејл и Бензема се многу добри, а Роналдо е фудбалер кој сите ги прави подобри“, смета трофејниот тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим сака замена за Онана: Манчестер Јунајтед тргна по „најдобриот голман во светот“

Рубен Аморим не беше импресиониран од она што го виде од Андре Онана, па тргна во потрага …