Дома Фудбал Останато Никој како Мурињо: Купил 97 играчи за 1.4 милијарда фунти!

Никој како Мурињо: Купил 97 играчи за 1.4 милијарда фунти!

Жозе Мурињо потрошил повеќе пари на играчи отколку било кој друг менаџер во историјата.

Мурињо навистина имаше голем успех во својата кариера со Порто, Интер, Челзи, па и со Реал и Манчестер Јунајтед.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Португалецот во главно водеше големи проекти и тимови кои му овозможуваа да купува скапи играчи.

Тој во текот на своите 19 години тренерска кариера потрошил вкупно 1.4 милијарди фунти на 97 играчи. Негов најскап играч беше Пол Погба за кого Јунајтед плати 89 милиони фунти.

Италијанскиот менаџер Карло Анчелоти потроши, 1.11 милијарди фунти на 85 играчи, а ги тренираше Реџиана, Милан, Реал Мадрид, Челзи, Баерн и сега Наполи.

Најскап играч му беше Герет Бејл кој во Реал дојде од Тотенхем за 86 милиони фунти во 2013 година.

Трет на листата е Пеп Гвардиола кој купи најмалку играчи од петте тренери кои најмногу треша, но на на нив потроши повеќе од една милијарда.

Негово најскапо засилување е Родри кој ова лето се пресели во Манчестер Сити за 62.5 милиони фунти.

Мануел Пелегрини е четврти на листата, а тој беше тренер на Реал кога клубот за 80 милиони фунти го доведе Кристиано Роналдо од Манчестер Јунајтед кон крајот на 2009 година.

Исто така го доведе Кевин Де Брујн во Манчестер Сити за 55 милиони фунти кој некое време го држеше рекордот во Сити. Во неговата сегашна улога како тренер на Вест Хем овој клуб го сруши клупскиот рекорд со доведувањето на Себастијан Халер за 45 милиони фунти.

И петти на листата е Масимилијано Алегри кој е тренер веќе 15 години и негово најскапо засилување беше Кристиано Роналдо кога Јувентус го доведе минатата година за 98 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…