Дома Фудбал Останато Никој како Боатенг не даде одговор на прашањето кој е подобар – Меси или Роналдо

Никој како Боатенг не даде одговор на прашањето кој е подобар – Меси или Роналдо

boateng

Кевин-Принц Боатенг вечра официјално стана нов фудбалер на Барселона во која пристигна како позајмен играч од Сасуоло.

Боатенг во Барселона пристигна како резервна опција за Луис Суарез, а каталонскиот клуб го доведе на позајмица до крајот на сезоната. Барса позајмицата ќе ја чини околу два милиони евра, а доколку сакаат да го откупат неговиот договор, тогаш ќе мораат да платат уште осум милиони евра.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Овој 31-годишен напаѓач синоќа допатува во Барселона каде што позираше со дресот на Барса и го избра бројот 19. Многумина веднаш се присетија на неговата изјава дека сон му е еден ден да заигра за Реал Мадрид, но Боатенг изјави дека тоа треба да се заборави.

Исто така, навивачите на Барселона пронајдоја уште една негова изјава од 2016. година. Тогаш Боатенг одговори на прашањето кој е подобар играч Меси или Роналдо и оваа изјава им се допаѓа на навивачите на Барса.

„За младите фудбалери Роналдо треба да биде најдобар во светот, бидјеќи тој за сите е пример како да се тренира за да се дојде на врвот. Работи како лудак и има голема страст кон фудбалот. Тој треба да биде пример за сите, бидејќи во се сака да биде најдобар“, изјави Боатенг, а потоа коментираше и за Меси.

„Сепак, тоа што Роналдо го работи делува само на овој свет. Надвор од него Меси е најдобар. Меси е неверојатен, бидејќи работи работи кои никој друг не ги може и затоа мислам дека е вонземјанец. Роналдо доминира на овој свет, но Меси пред сите нив“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти: Поразот од Лил може да биде корисен

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го коментираше поразот кој неговиот тим го претрп…