Дома Македонски спорт Мак баскет Николовски се враќа во репрезентацијата: Спремен сум да помогнам

Николовски се враќа во репрезентацијата: Спремен сум да помогнам

По пауза од неколку години, Кирил Николовски повторно е во комбинација да го облече „црвено-жолтиот“ дрес.

Николовски е подготвен да даде максимум во дресот со националниот грб пред дуелите со Шпанија и Украина.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последниот натпревар во репрезентативниот дрес, Николовски го одигра во август 2017 година против Естонија.

„Веројатно тој период ќе беше и пократок, но летоска поради приватни обврски морав да го одбијам повикот да се вратам во националниот тим. Јас отсекогаш сум стоел на раполагање кога е во прашање играњето за репрезентацијата. Па еве ме тука на првиот тренинг во „Јане Сандански“, изјави Николовски.

„Иако излегува дека сум меѓу оние најискусните во ростерот, не би требало моето отсуство да претставува проблем. Секако дека добро се познаваме, овен тоа имаме големи мотиви. Но ќе повторам за мене е најважно да дадеме сè од себе. Лично, би сакал добрата форма од натпреварите во домашниот шампионат да ја пренесам на теренот во овие два натпревари. Да помогнам колку што можам“,додаде Николовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…