Кристијан Николов е едене од оние кошаркари кои и вечерва против Словачка (од 19.часот), ќе треба да ја креираат играта на нашиот сениорски национален тим во обид да дојдеме до првиот триумф на „балонот“ во Скопје, односно натпреварите од „Ф“ претквалификациската група за пласман на СК 2023.
„Знаеме со што располагаат Словаците. Вчера ги гледавме на средбата со Швајцарија. Ги знаеме нивните силни страни. Знаеме дека играат агресивна кошарка. Но, исто така знаеме што треба да правиме со нив. Знам сигурно дека ќе влеземе силно, мотивирано, без никакви притисок на овој натпревар. Ќе дадеме сè од себе и се надевам дека ќе оствариме позитивен резултат“.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Веројатно со многу поголема доза на енергија, и многу помала нервоза во однос на премиерниот меч со Швајцарија?
„Секако, нема дискусија за тоа. Влеговме со некоја преголема нервоза на тој меч. Имавме и некои грешки кои не смееме да ги правиме на вака важни натпревари. Тоа не нѝ доликува на нас, и ќе мора да ги поправиме. Но извадивме една поука од сето тоа, и очекувам на овој втор меч да влеземе многу поспремни, поопуштени, се со цел да го добиеме овој натпревар со Словачка“.
Ова ќе биде и првиот официјален меч по подолго време, на кој ќе биде дозволено присуство на публика. Николов има порака до фановите на нашиот национален тим.
„Да, се надевам дека ќе ве има во поголем број, дека ќе дојдете да ни помогнете. Сепак вие ќе ни дадете сила која многу ќе ни знаши во обидот да направиме позитивен резултат, односно победа“.