Дома Топ вести Нианг замина во Ватфорд, Милан бара замена!

Нианг замина во Ватфорд, Милан бара замена!

Мбаје Нианг го напушти Милан и денес замина на медицински прегледи во Лондон, а потоа треба и официјално да стане играч на Ватфорд.

Нианг ќе биде во Ватфорд на шестмесечна позајмица за која англискиот клуб ќе плати 1 милион евра, а потоа ќе може да го откупи договорот за додатни 18 милиони евра.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Доколку Французинот запише 10 настапи до крајот на сезоната тогаш Ватфорд ќе мора во целост да го откупи договорот на крилниот напаѓач.

Главниот оперативец на „росонерите“, Адриано Галиани не криеше дека Милан експресно планира да доведе засилување кое ќе го пополни празното место кое ќе го остави Нианг и го откри неговото име.

Станува збор за играчот на Џенова, Аргентинецот Лукас Окампос кој игра навистина добро оваа сезона.

„Наша прва опција е Окампос. Ние веќе остваривме контакти со Џенова, а од таму ни порачаа дека ќе ни дадат одговор во наредните два-три дена“, потврди Галиани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…