Фудбалерите на ПСЖ синоќа пред своите навивачи го победија Лион со 4:2 во дербито на 24. коло во Лига 1.
Парижаните успеаја да дојдат до нова победа иако Томас Тухел не можеше да смета на својот најдобар играч Нејмар. Бразилецот веќе десет дена е надвор од терените поради повреда, но го бодреше неговиот тим од трибините.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нејмар на стадионот пристигна непосредно пред почетокот на натпреварот, а неговиот стајлинг привлече неверојатно внимание.
Многумина го исмеваа елекот на Нејмар во кој изгледаше како член на обезбедувањето на стадионот, но сигурно ваквите коментари воопшто не го допираа.
Neymar not playing today as PSG forcing him to help out as a security guard. ? pic.twitter.com/kF7cm4jUof
— mbappegoals (@mbappegoals_) February 9, 2020