Сега работите се многу појасни…
Во францускиот фудбал не постојат клазули со обврска за откуп, но сепак таткото на Нејмар успеал да уфрли една. При преговорите Нејмар сениор инсистирал да вметне ставка според која неговиот син може да го напушти Париз за истата сума за која што беше купен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, тој сметал на евентуална понуда од Мадрид, дури се зборува дека и таков план смислил заедно со Перез, но тоа до овој момент се само шпекулации.
Во овој момент на ПСЖ не му паѓа на памет да го продаде Нејмар, но доколку Флорентино одлучи да плати 222 милиони евра, Нејмар би можел да се врати во Шпанија.
Меѓутоа, се шпекулира дека Нејмар повеќе би сакал да се врати во Барселона, во некои од медиумите се најавува дека неговиот план во најдобар случај е да ја освои титулата со Бразил на Светското првенство, да стигне до „Златната топка“ и да се врати во Барселона на голема врата, како наследник на Меси.
Но, Барселона во овој момент има други амбиции. Каталонците веќе ја завршуваат работата околу Гризман, па сигурно дека не би имале пари да го вратат Нејмар. Поради тоа сето ова во овој момент изгледа како приказна од научна фантастика. Реал е многу по реална опција, имаат пари, а по заминувањето на незадоволниот Бејл и евентуално Роналдо би можеле да ослободат место за огромните примања на Нејмар.