Бразилскиот фудбалер Нејмар во интервјуто неодамна откри дека Лионел Меси најмногу му помагал кога пристигнал во Барселона од редовите на Сантос.
Нејмар дури и заплака кога зборуваше за својот довчерашен соиграч од Барселона. Сега повторно зборуваше за периодот поминат во Барселона. Откако дојде во Барселона Нејмар одеднаш имаше прилика да ја дели соблекувалната со некои од најдобрите фудбалери во светот како: Меси, Чави, Иниеста, Пике, Пујол…
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Дојдов и ги видов Меси, Чави, Иниеста, Пујол, Валдес, Пике, Бускетс, Педро…Тоа беше неверојатно. Се сеќавам дека размислував како буквално до вчера играв со нив на видео игра, а сега ја делам соблекувалната со истите тие играчи. Алвес многу ми помогна во првите денови, со него се беше полесно“, изјави Нејмар.
Меѓутоа набрзо потоа на теренот не му одеше како што очекуваше. Во тие моменти Нејмар откри дека Меси направил голем пресврт и му помогнал со неколку реченици.
„Кога ќе дојдеш во таков клуб, ти треба да бидеш трпелив и да не се плашиш да не погрешиш. Лео ми го кажа тоа на полувремето бидејќи седев во соблекувалната и плачев, ми беше тешко затоа што не играм како што играв во Бразил. Ништо не одеше според планот. Тогаш зборував со него и си помислив: Ако еден Меси тоа ми го кажува, зошто да не се обидам? Потоа бев по смирен и работите се променија на подобро, така започна и нашето пријателство“, изјави Бразилецот.