Бразилската суперѕвезда Нејмар, ќе патува со Пари Сент Жермен на предсезонската турнеја во Кина, потврдија денес од клубот.
Нејмар беше повикан во групата на фудбалери кои ќе патуваат на подготовки во Кина од 23-ти јули до 4-ти август.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бразилецот не се појави на почетокот на подготовките со тимот бидејќи јавно призна дека сака да го напушти клубот. За тоа доби финансиска казна од ПСЖ, па сега ќе мора да се приклучи на подготовките.
„Нејмар ќе биде со нас во авионот за Кина и ќе игра против Интер на 27 јули. Ќе почне да тренира утре со екипата. Денеска ги мина дополнителните тестови, а намерно не и се приклучи на екипата затоа што му дадовме една недела за да се врати во оптимална физичка форма“, објавија од клубот.
Нејмар и понатаму инсистира да се врати во Барселона, но од ПСЖ порачаа дека нема да го пуштат доколку не пристигне понуда која ќе ги задоволи нивните апетити.
???
Découvrez les 3⃣3⃣ Parisiens retenus par @TTuchelofficial pour le #ChinaSummerTour2019 ?? ?
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) July 23, 2019