Дома Фудбал Останато Нејмар после две години почна да учи француски јазик

Нејмар после две години почна да учи француски јазик

Нејмар ова лето направи се за да си замине од ПСЖ и да се врати во Барселона, но двата клуба не се договорија, па Бразилецот остана во Париз.

Шпанските медиуми тврдат дека Нејмар се помирил со фактот да остане во ПСЖ и започнал на часови по француски јазик, бидејќи сака побрзо да се реинтегрира во тимот, а со тоа да им покаже на фановиет дека се променил.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Нејмар до сега комунициераше само на португалски јазик и одлично се разбираше бидејќи во клубот има доста Бразилци, но сега решил конечно да започне да учи француски, па оди на лекции секој ден.

Покрај тоа, Нејмар започнал внимателно да ги следи и француските медиуми, па многумина сметаат дека тоа е желба повторно да се реинтегрира во тимот.

Раководството и фановите на ПСЖ се спремни да му понудат пријателска рака, па дури и да му понудат нов договор доколку Нејмар реши долгорочно да остане во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе пред децата призна: “Тој е подобар од мене и единствениот вистински идол на навивачите на Реал”

Вторник, 30 декември, се одржа отворен тренинг на стадионот Ди Стефано. И, како што беше о…