Дома Фудбал Нејмар им стави крај на сите дилеми: Среќен сум во Барселона

Нејмар им стави крај на сите дилеми: Среќен сум во Барселона

Напаѓачот на Барселона, Нејмар ги демантираше информациите во медиумите од својата земја дека речиси е прифатена понудата од ПСЖ и дека ова лето ќе се пресели на „Паркот на принцовите“.

Францускиот клуб за Нејмар е подготвен да издвои неверојатни 222 милиони евра и само од 25-годишниот напаѓач зависи дали ќе го прифати предизвикот и по четири сезони минати на „Камп Ноу“ ќе ја промени средината.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Изминатата сезона беше моја најдобра во Барселона. Се навикнав на градот и клубот и среќен сум. Се тоа влијае на играта на еден спортист. Изминатата сезона конечно се чувствував потполно комфортно, иако не ја освоивме титулата. Одиграв некои фантастични натпревари и со екипата доживеав неверојатни моменти. Во сезоната 2017/18 мораме уште да работиме и да бидеме подобри“, истакна Бразилецот.

Нејмар има договор со Барселона до летото 2021. година, а во Каталонија пристигна од Сантош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…