Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар добил неверојатна понуда од Саудиска Арабија. Бројката за договорот е вртоглава.
Турскиот новинар Јакуп Чинар објави дека клубот Ал Хилал му понудил на Нејмар 600.000.000 евра!
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оваа вест потоа ја пренесоа светските медиуми, а менаџерскиот тим на Бразилецот се уште не реагирал на информацијата.
Според изворот, договорот што би го добил Нејмар во Ал Хилал е на три години, што значи дека Бразилецот би добивал 200.000.000 евра годишно.
Кристијано Роналдо, кој и понатаму е најплатениот фудбалер во таа земја, исто толку добива во Саудиска Арабија, но само во клубот Ал Наср.
Договорот на 31-годишниот напаѓач со францускиот клуб Пари Сен Жермен истекува во летото 2025 година.
Тоа значи дека и Ал Хилал би морал да им плати отштета на Французите за Нејмар. Засега не е познато колку сопствениците од Катар би побарале за Бразилецот.
Ова лето интерес за Нејмар покажаа два клуба од англиската Премиер лига – Манчестер Јунајтед и Челзи.