Дома Топ вести Нејмар го убедува Меси да се пресели во ПСЖ

Нејмар го убедува Меси да се пресели во ПСЖ

Лионел Меси е главна тема во медиумите откако официјално побара раскин на договорот со Барселона.

Меси смета дека неговиот циклус во Барселона е завршен и сака ова лето да ја промени средината, а интерес за него покажуваат Манчестер Сити, Интер и ПСЖ.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Медиумите тврдат дека Сити е во пол-позиција за неговиот потпис, но неговиот пријател Нејмар го убедува Меси да му се придружи во Пари Сент Жермен.

ЕСПН тврди дека Нејмар телефонски разговарал со својот поранешен соиграч и му порачал дека сака повторно да играат заедно. 

„Притисок“ врз Меси за да се пресели во ПСЖ вршел и неговиот добар пријател и соиграч од репрезентацијата Анхел Ди Марија, кој имал телефонски разговор со капитенот на Барса.

ПСЖ летово го напуштија неколку ѕвезди, па „светците“ ќе имаат буџет за неговата плата, доколку Меси го раскине договорот со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…