Денес „ЕСПН“ излезе со изненадувачка вест дека Ливерпул со понуда над 200 милиони евра ќе тргне по потписот на Нејмар.
Веднаш по објавувањето на оваа вест, медиумите наклонет на Ливерпул „Ливерпул Ехо“ направи анкета на тема – дали го сакате Нејмар? Во таа на анкета дури 79% од навивачите одговориле негативно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во анкетата учествувале повеќе од 3.000 испитанци и од нив само 11% се изјасниле дека сакаат Бразилецот да пристигне на „Енфилд“, додека 10% немаат мислење.
Очигледно фановите на „црвените“ не се импресионирани од оваа „бомба“ и посакуваат да станува збор за медиумска шпекулација.