Дома Фудбал Германија Нетрпеливост помеѓу Тухел и раководството на Баерн

Нетрпеливост помеѓу Тухел и раководството на Баерн

Крајот на трансфер пазарот донесе сериозни недоразбирање помеѓу Томас Тухел и челниците на Баерн Минхен, пренесува „Билд“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Коментарите и јавните изјави на Тухел предизвикале незадоволство кај членовите на баварскиот гигант.

Трансферот на Палиња, кој пропадна во последен момент само додатно ја зголемил нетрпеливоста помеѓу двете страни.

Раководството се налутило на Тухел на неговите изјави дека има а располагање мал и ограничен тим.

Во текот на летото, Тухел не криеше  дека сака да ангажира одбранбен играч за врска и покрај верувањето на извршниот директор на Баерн, Јан-Кристијан Дрисен и техничкиот директор Марко Непе дека има малку потреба од таков тип на играчи. 

Ситуацијата кулминираше и по прашето на десен бек, затоа што управата на Баерн на Тухел му понуди неколку решенија од типот на Жоао Кансело и Тревор Чалоба но стратегот не даде зелено светло за ниту еден од нив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Кардинале и Ибрахимовиќ продолжуваат со обидите да го задржат Модриќ

Сопственикот на Милан Џери Кардинале и неговиот советник Златан Ибрахимовиќ продолжуваат д…