Дома Фудбал Италија Непромислениот потег на Киелини донесе три бода за Наполи, половина час за Елмас

Непромислениот потег на Киелини донесе три бода за Наполи, половина час за Елмас

Tимот на Јувентус денес претрпе пораз во дербито против Наполи (1:0).

Наполи го доби дуелот со минимални 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Лоренцо Инсиње од пенал во 31. минута. Пеналот беше досуден после реакцијата на ВАР собата откако Џорџо Киелини направи еден непромислен потег и без потреба го удри Рахмани во шеснаесетникот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус создаде неколку добри прилики, посебно во второто полувреме, но сепак Мерет остана несовладан и бодовите останаа во Неапол.

Елмас на теренот помина половина час, во игра влезе во 65. минута на местото на Зјелински.

После овој натпревар Јувентус останува трет со 42 бода, но зад „старата дама“ следат Наполи, Рома и Лацио со по 40 и многу лесно може да се случи актуелниот шампион набрзо да падне под четвртата позиција.

Со евентуална победа Милан вечерва против Специја ќе направи предност од 10 бода во однос на Јувентус со тоа што Јувентус ќе има натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Видео кое ќе го обиколи светот: Неверојатно промашување на Зиех (ВИДЕО)

Неверојатен неуспех на поранешниот фудбалер на Ајакс и Челзи, сега на Галатасарај… Се игра…