Репрезентативецот на Србија, Немања Матиќ ќе го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед.
Иако до пред неколку месеци на големо се зборуваше дека ќе ги напушти редовите на тимот од Олд Трафорд, Матиќ и во иднина ќе го носи дресот на Црвените ѓаволи и ќе ја продолжи соработката на уште две години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според англиските медиуми, Матиќ добро ќе го наплати новиот двегодишен договор. Јунајтед ќе му ја зголеми платата од 120.000 на 140.000 фунти неделно, што значи дека Немања на годишно ниво ќе заработува 17 милиони фунти.
Матиќ е член на великанот од Олд Трафорд од 2017. година, а претходно играше уште за Челси, Бенфика, Витесе и Кошице.